НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ: Се подготвува нов рудник на смртта меѓу Штип, Радовиш и Конче

0
By Нова ТВ on July 21, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДОМ денеска објави дека се подготвува отворање нов рудник Боров Дол, помеѓу Штип, Радовиш и Конче.

Тоа, според ДОМ, треба да биде уште еден површински коп за бакарна руда, која би се лужела со сулфурна киселина директно во отворен базен на планината.

-Во моментов е во тек процедура за донесување државна урбанистичко-планска документација, т.н. ДУПД, за изградба на руднички комплекс. Се подготвува изработка на нов урбанистички план надвор од населено место за 473 хектари, со кој индиректно ќе се смени просторниот план од 2004 година и ќе се внесе тешка и загадувачка индустрија во регион наменет за производство на храна и други лесни индустрии. Оттаму, инвеститорот ќе бара одобрување на овој нов урбанистички план од страна на општините Штип, Радовиш и Конче, потоа одобрување од Министерството за транспорт и врски, па пренамена на земјиштето во Министерството за земјоделие, велат од ДОМ.

На овој начин, според оваа партија, се прави правен преседан и силна повреда на законот: со одлуки на владини институции и локални самоуправи се погазува просторниот план, кој се носи во Собранието и има тежина на општ закон.

-Според она што го видовме кај двата површински рудника Казандол и Иловица, за кои се на нозе веќе седум општини, ова веројатно ќе се „поткрепи“ со лажна студија за оценка на влијанието врз животната средина. Велиме лажна, зашто, по увидот на претходните две, во неа се очекува во заклучокот да стои дека рудникот нема да има штетно влијание, иако целата студија ќе содржи докази за спротивен заклучок, велат од ДОМ и ги повикуваат сите надлежни државни институции, локалните самоуправи на Штип, Радовиш и Конче, како и министерствата за транспорт и врски, земјоделие, екологија и економија, да кажат СТОП за отворање на овој „нов рудник на смртта“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.