Авионот во кој се наоѓал боливискиот претседател Ево Моралес, на враќање од Русија, бил пренасочен кон Австрија, откако Португалија и Франција не му дозволија прелет над нивниот воздушен простор, поради сомневањата дека во него се наоѓа пребеганиот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден, јавува Слободна Европа.
Официјални лица во Австрија и Боливија изјавија дека Сноуден не бил во авионот кој го враќал Моралес од самит во Москва, каде што во интервју за телевизија Раша тудеј, изјави дека Боливија е подготвена да разгледа дали ќе му даде азил на Сноуден.
Боливискиот министер за надворешни работи Давид Чокехуанца изјави дека Франција и Португалија ќе мора да објаснат зошто ја поништиле дозволата за прелет, додавајќи оти тоа го довело во опасност животот на претседателот.