Во синоќешниот напад во Каиро врз приврзаници на египетскиот претседател Мохамед Морси, загинаа 16 лица, а ранети се 200 лица.
Приврзаниците на Морси биле нападнати од група непознати лица, вооружени си огнено оружје.
Во меѓувреме во декларација, на Вишиот совет на вооружените сили на Египет, објавена на Фејсбук се наведува дека египетската армија е „подготвена да умре, заштитувајќи го својот народ од терористи, радикали и глупаци“.
Со ова армијата му одговори на Морси, кој го отфрли ултиматумот на воените сили, кои од него побараа да ги исполни барањата на народот и да се согласи на предвремени избори. Морси одби да поднесе оставка, нагласувајќи дека е законски избран претседател на државата.