Жителите на Дојран утре ќе се изјаснуваат дали се „за“ или „против“ рудници во нивната општина. Тие се плашат дека рудникот Казандол, но и потенцијалниот рудник кај Башибоз на Беласица се закана за туризмот и езерото.
Референдумот е по барање на граѓаните, откако дознаа за можните последици од функционирањето на комплексот Казандол кај Валандово, но и дека е доделена концесија за детални геолошки истражувања на локацијата Башибоз-Бајрамос над селото Николиќ, десетина километри од езерото.
Џалев: Казандол – геноцид за граѓаните на Дојран, Богданци и Валандово
Активистот Јован Џалев предупредува дека Казандол е најголема закана за Дојранското Езеро и за туризмот. Тој за целиот овој проект зборуваше во емисијата на НОВАТВ „Процес“. Тој тогаш откри дека екс вицепремиерот во Владата на ВМРО ДПМНЕ Владимир Пешевски во еден ден потпишал 86 концесии за отворање рудници во Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=qWNXU3ZUeVw