Горниот дом на полскиот Парламент го усвои законот за реформи на Врховниот суд што ги предложи владејачката партија Прави и правда, а за кои критичарите тврдат дека го поткопува принципите на поделба на извршната и судската власт.
Сега потребно е само законот да биде потпишан од претседателот Анджеј Дуда, инаку сојузник на владејачката партија, за тој да стапи на сила.
Со контроверзната реформа се зајакнува политичката контрола над судот и покрај предупредувањата од ЕУ и апелите од Вашингтон, како и масовните протести.
Во текот на 15 часовната парламентарна дебата на илјадници демонстранти излегоа на улица во повеќе градови. Откако беше усвоен, учесниците на протестот пред Парламентот во Варшава, извикувајќи „Срамно“, „Предавници“ и „Сакаме демократија“.
Откако законот беше изгласан во Долниот дом, Брисел се закани со активирање на Членот 7 од Договорот, познат уште и како „нуклеарна бомба“, што би било првпат во историјата на ЕУ.
“Нуклеарката” на ЕК предвидува одземање на правото на глас во Советот на министрите за земја членка која “тешко и упорно ги крши европските вредности”.




