Лоша психичка состојба, ускратено правото на излез на чист воздух и задоцнета достава на платен дневен печат – ова се наодите на Канцеларијата на Народниот правобранител чии претставници беа во посета на притворениот новинар.
Заменикот Народен правобранилет Трипун Танушевски денеска ги информираше претставниците од Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски за наодите од нивната посета во притворното одделечние во Шутка.
Наместо предвидените 2 часа со закон, на Кежаровски го пуштале само 20 минути дневно на чист воздух. Со лошите услови се помирил, но забелешка имал на доцнењето на весниците кои ги плаќал, но тие или му биле доставувани со задоцнување или воопшто не му стигале.
Народниот правобранител поднел преставка до Управата на извршување за санкции. Се уште не е истечен предвидениот рок од 15 дена за одговор.
Лошата психичка состојба претходно ја потврди и неговиот адвокат Филип Медарски кој во петокот го посети новинарот Кежаровски.