Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аџиев: Не го штитат Славко Јаневски, туку своите фотелји

0
By Нова ТВ on July 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 3, 2013 12:41

По реакциите на МАНУ дека лустрацијата на познатиот македонски писател Славко Јаневски всушност е напад на македонскиот културен идентитет, претседателот на Kомисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, во интервју за „Дневник“ ја отвора дилемата за тоа кој со прст посочил и дал констатација дека одреденото лице што е наведено во решенијата на Комисијата е Славко Јаневски.

Дали навистина академиците „чепкаат“ во македонскиот идентитет со тоа што се ставаат во заштитата на жртвите од соработниците на тајните служби, кои исто така биле поети и писатели и кои можеби се и од поголем калибар во македонската култура, вели Аџиев.

Според него, академиците сами излегле со име и презиме на писателот, со што ја довеле во прашање неговата репутација.

– Не знам како ние можеме да задираме во темелите на македонскиот идентитет кога во решението за кое МАНУ излезе со реакција нема име и презиме на тој на кого се однесува, ниту која била професијата на тоа лице, какво било неговото значење, колку бил успешен и слично. Тие самите излегоа со име и презиме на писателот и ја доведоа во прашање неговата репутација. Сите решенија на Kомисијата гласат дека одредено лице Н.Н., односно лице со одреден псевдоним, било соработник на службите за државна безбедност. Ние не констатираме друго, не даваме епитети. Од друга страна, дали тие самите не задираат во македонскиот идентитет со тоа што не се ставаат во заштитата на жртвите од таквата соработка, кои исто така биле поети и писатели и кои можеби се и од поголем калибар во македонската култура, или, ако ништо друго, се повеќе по број од соработникот? Зошто МАНУ не застана во одбрана на лицата што биле предмет на шиканирање, кодошење, на клеветење? Имаше критики и за правните аспекти на одлуката, односно дали е издржана?

– Прво, не би донеле таква одлука да немаше докази. Документите врз чија основа е донесена одлуката се во Aрхивата на Kомисијата, а се извлечени од Државниот архив на Република Македонија. Ако некој се сомнева, може да дојде и да провери. Уверен сум дека тие што сега ја коментираат одлуката со соопштенија да ги видеа документите, не ќе излегуваа со вакви коментари и реакции, вели Аџиев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.