Published: Monday, July 24, 2017 09:41
Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погоди јужниот дел на Иран, околу 1.000 километри од престолнината Техеран, објави Иранската државна телевизија.
Земјотресот предизвикал прекин во електричната и телекомуникациската мрежа, но нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Земјотресот бил регистриран во 22 часот по локално време, а го погодил селото Сирч во јужната провинција Керман, на длабочина од 10 километри.
Во 2003 година Иран го погоди земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер, при што загинаа 26 000 луѓе.




