Вице-премиерот на Турција, Бешир Аталај, ја обвини еврејската дијаспор за немирите во Турција. Според него, тие се љубоморни на равојот на земјата.
„Постојат некакви кругови кои се љубоморни на порастот на Турција, сите се обединуваат предводени од еврејската дијаспора“, изјави Аталај.
Протестите во Турција започнаа кон крајот на мај, по што полицијата употреби водени топови како би ги растерала демонстрантите на плоштадот Тахрир, организирани поради сечењето на дрвата во паркот Гези каде што турската влада планира изградба на трговски центар.
Во текот на јуни, за време на протестите загинаа тројца демонстранти и еден полицаец.
Претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лодер ги осуди изјавите на Аталај и побара извинување.
„Шокантно е да се слушнат од еден висок турски член на Владата такви непримерни и потполно неосновани навреди. Доколку е пристоен би требало да се извини“, реагираше Лодер.
Тензиите помеѓу Израел и Турција се во пораст последните неколку години после насилничките спротиставувања во 2010.