Израел започна со отстранување на детекторите за метал на влезот на светото место во Ерусалим, каде што се наоѓа и џамијата Ал Акса. Одлуката ја донесе Владата на предлог на Кабинетот за безбедност.
Одлуката за поставување дететктори беше донесена за намалување на тензиите во Ерусалим по нападот на 14 јули кога беа убиени двајца полицајци.
Во соопштението не се наведува кога ќе започне отстранувањето, но агенцијата АП повикувајќи се на израелските медиуми објави дека ќе бидат поставени камери со висока резолуција кои можат да детектираат скриени предмети.
Поставувањето на дететкорите предизвика протести и незадоволство кај Палестинците кои одбија да одат на молитвите во џамијата се додека не бидат отстранети. Дополнително ензадоволство предизвика и одлуката на израелските власти да забранат влез во џамијата на петочната молитва на мажи помлади од 50 години.




