Платена е кривичната казна од 60 000 денари во име на Симо Липски за убиството на бездомното куче Идриз.
На 29 Април, 2017, Липски го убил бездомното куче со секира пред кафуле полно со гости. Оваа вест ја вознемири јавноста и подоцна предизвика протест на местото на инцидентот- загрижените граѓани бараа правда за локалниот миленик.
ОЈО го осуди Липски со кривична казна која тој морал да ја плати на сметката на Анима Мунди. Парите од казната ќе бидат наменети за хуманитани цели за животните. Анима Мунди соопштија дека средствата ќе бидат искористени во име на Идриз за инти случаи на животни кои ќе бидат одбрани јавно.
Иако Липски бил казнет со вкупна финансиска сума од 1 800 евра, Анима Мунди тврдат дека оваа вест не ги радува, бидејќи тие сакале да го видат Липски во затвор. Сепак здружението за заштита на животните смета дека обвинителот ангажиран за овој случај сторил сѐ што можел за ситуацијата.
Без разлика што судот ја завршил постапката против убиецот на Идриз, Анима Мунди сметаат дека за нив овој случај не е завршен, велејќи дека „Липски ќе биде за секогаш обележан како убиец, кој пред сѐ е казнет со осудата на целата македонска јавност.“