Доналд Трамп вчера вети дека сирискиот претседател Башар ал-Асад ќе одговара за своите злостороства.
На прес конференција со либанскиот премиер Саад Харири, американскиот претседател рече дека ал-Асад извршил “ужасни злостроства” и го убивал своето население со хемиски оружје.
“Мислам дека тоа што тој го направил за својата земја и човештвото е ужасно. Не сум човекот кој тоа ќе го гледа и ќе дозволи тој да се извлече по се што се обиде на направи и тоа што го направи во повеќе наврати”, изјави Трамп.
Претседателот потсети дека во април наредил воздушен напад врз една сириска воена база како одговор на нападот со хемиско оружје на режимот од Дамас во кој загинаа 87 лица. Сирија, поддржана од Москва, тврди дека таа не е виновна за овој напад си хемиско оружје.




