Според последните податоци на боливискиот Цивилен регистар, секое второ ново бебе од 10, го носи името Нејмар. Имињата Лионел (Меси) и Кристијано (Роналдо) не се непознати за Боливијците, но нималку не се близу популарноста на новата бразилска фудбалска ѕвезда.
Според регистарот, за време од 17 години, повеќето машки лица во Ла Паз, ќе се викаат Нејмар.
Според локалниот дневен печат „Ла Разон“, 20 од 100 бебиња родени во главниот град на Боливија своето име го добиле според напаѓачот на Бразил, кој со своите одлични изданија за репрезенатцијата на претстојниот Куп на Конфедерации, им ја освоил имагинацијата на фановите.
„Веруваме дека за 17 години повеќето момчиња ќе се викаат Нејмар, бидејќи тоа е моменталниот тренд. Тоа е името во мода“, изјави претставникот на Цивилниот регистар, Ремиџио Кондори.