НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воен удар: генералите на Египет го соборуваат Мoрси

0
By Нова ТВ on July 3, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истекува ултиматиомот на армијата на Египет упатено до исламистичкиот претседател Мохамед Морси да најде политичко решение за кризата. Во меѓувреме продолжуваат протестите на неговите противници кои бараат тој да замине од функцијата, јавува Гласот на Америка.

Во изјавата објавена непосредно пред рокот, Морси предложи влада на концензус меѓу партиите и формирање независна комисија што ќе изготви уставни амандмани како начин за излез од кризата. Тој сепак повтори дека нема намера да поднесе оставка, предупредувајќи дека изборниот легитимитет е единствената гаранција против нестабилноста.

Во меѓувреме, армијата е распоредена на клучните точки во Египет. Војската ја зазеде зградата на државната телевизија од каде се отстранети сите вработени освен неопходните за продуцирање вести.

На плоштадот Тахрир се собрани стотици илјади граѓани кои бараат повлекување на Морси и органзирање на предвремени избори. Истовремено во близина се наоѓаат и бројни приврзаници на претседателот. Во досегашните судири меѓу двете спротиставени групи загинаа 47 луѓе, а илјадници се повредени.

Виш соработник на Морси подоцна до Египќаните порача мирно да му се спротистават на, како што го нарече „воениот удар“ што во моментов е во тек.

Армијата на претседателот Морси му даде рок од 48 часа да го надмине политичкиот ќорсокак или да ризикува воена интервенција. Рокот до кога се очекува да се надминат разликите меѓу исламистичката влада и нејзините критичари истекува во пет часот по локално време.

Претходно Морси се појави на националната телевизија и ги потсети граѓаните дека бил демократски избран на функцијата пред повеќе од една година.

Додека зборуваше, илјадници Египќани продолжија со демонстрациите во Каиро, едни поддржувајќи го, а други барајќи негова оставка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.