Војската го собори египетскиот претседател Морси
Египетската армија објави дека Мохамед Морси не е повеќе претседател на Египет. Според изјавата на генералите на првиот демократски избран претседател на Египет, Мохамед Морси му е оздемен мандатот а за привремен шеф на државата е назначен претседателот на највисоката судска инстанца во таа држава.
Армијата со овој чекор само ја извршува својата историска одговорност да ја заштити државата, изјави генералот Абдул Фатах Ал Сиси.
Тенковите на армијата се на улиците на Каиро и го опколија анти Морси демонстрантите заштитувајќи ги на тој начин од исто толку борјните подржувачи на Морси.
Советик од кабинетот на Морси на ФБ профилот напиша дека воениот удар е во тек и повика приврзаниците на претседателот да пружат мирен отпор.
Во Каиро престои драматична ноќ со оглед на тензиите на улиците каде што се судираат демонстраните подржувачи на Морси и оние кои бараат тој да замине од власт. Во досегашните судири меѓу двете спротиставени групи загинаа 47 луѓе, а илјадници се повредени.
На страна на лојалните сили е и Мулиманското братсво кое го подржа изборот на Морси по падот на Мубарак.
Мохамед Морси е привиот избран претседател на Египет на изборите кои се одржаа пред неполна година а по падот на режимот на Мубарак.