Еквадор ги повика британските власти да помогнат во истрагата откако официјални лица најдоа таен уред за снимање поставен во внатрешноста на амбасадата на јужноамериканска земја во Лондон, јавува Си-Ен-Ен.
“Шпионски микрофон” беше пронајден во самата канцеларија на амбасадорот на Еквадор на 14 јуни, еквадоркиот министер за надворешни работи Рикардо Патино им изјави на новинарите во средата. Тој бил скриен во мала бела кутија во внатрешноста на штекер за струја, делумно покриен со полица, рече тој.
Откритието, рече Патино “многу сериозно не загрижува.”
“Ние бараме поддршка од британската влада да продолжи со истрагата на уредот кој е најден”, рече тој. Уредот, вели тој, содржел SIM картичката и е дизајниран да пренесува приватни разговори кои се случуваат во внатрешноста на амбасадата. Еквадорските власти веруваат дека се наоѓал таму веќе неколку недели и беше пронајден два дена пред Патино да пристигне во амбасадата, рече тој.