Во Брисел велат дека не треба да се пропуштаат прес конференциите на првиот човек на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер.
Неговите изјави и одлуки се значајни но има и друга причина за ова. А тоа е духовитоста на Јункер и неговата опуштеност кога зборува пред јавноста не држејќи се секогаш до дипломатскиот речник и правила.
Така беше и вчера. Јункер се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо и потоа двајцата, заедно со словачкиот комесар Марош Шефчович, излегоа оред новинарите да го соопштат резултатот од разговорот.
Додека тројцата зборуваа за мигрантската политика Јункер ја става раката во џебот и го вади својот телефон велејќи:
“Извинете, жена ми ме бара.”
Но потоа погледнува во телефонот и вели:
“А не, ова беше г-ѓа Меркел.”
Прес конференцијата и словачкиот гостин во тој момент беа поважни од Меркел па тој не одговори на повикот на германската канцеларка.
Зборови кои ги насмеаа сите присутни.
Јункер, вооружен во неговото долгогодишно искуство на европската политичка сцена, не се колеба на шега да каже што навистина мисли. Сите се сеќаваат на неговите зборови упатени до унгарскиот премиер Виктор Орбан кога пред камерите му рече: “Здраво диктатору!”




