НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Новата влада досега вработила 96 лица

0
By Нова ТВ on July 28, 2017 ПОЛИТИКА
Дамјан Манчевски - потпретседател на СДСМ
Дамјан Манчевски - потпретседател на СДСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата Влада од почетокот до денеска вработила вкупно 96 лица во сите институции заедно, од кои 32 посебни кабинетски советници на министрите, а само во Владата вработени се вкупно 26 лица, информираше денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој рече дека сите нови вработувања биле направени преку претходно објавени конкурси.

„Во согласност со законот, секој министер има право на тројца внатрешни советници од редот на администрацијата и по тројца надворешни посебни кабинетски советници. Премиерот Зоран Заев има тројца советници, а за споредба поранешниот премиер Никола Груевски имал 86 советници. Од друга страна, од 1 јуни до 25 јули преку општините каде градоначалниците се од редот на ВМРО-ДПМНЕ, вработени се повеќе од 300 лица“, изјави Манчевски.

Тој нагласи дека претходната влада незаконски вработувала лица во периодот од распишување на изборите на 17 октомври 2016 година до денот на формирање на новата влада.

„Во овој период биле ангажирани вкупно 7.708 лица, а само на 17 октомври биле ангажирани 4.473 лица, од кои со договор на дело, авторски договор или договор за волонтирање биле ангажирани 2.312 лица. Ќе ги повикаме надлежните инспекторати да преземат соодветни мерки за санкционирање на сите институции и лица што ги прекршиле законите“, додаде Манчевски.

Министерот најави анализа на целата администрација која ќе покаже каде има вишок кадар, каде има недостиг, но најави и контакт со приватниот сектор за прераспределба на кадри.

администрација Дамјан Манчевск работувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.