Владата на Република Македонија вчера донесе одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга.
“За таа цел, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на владата добија задолжение да обезбедат финансиски средства со кои треба да се обезбедат услови за безбеден и економичен транспорт на сметот од струшката депонија до други безбедни депонии во Република Македонија”, вели владата преку соопштение.
Владата прецизира дека “во тек е ангажман на лица за обезбедување и надзор кои ќе ја надгледуваат целата локација, за да превенираат и спречат можни идни проблеми”.
Владата побарала два големи контејнери, утоварувач и еден камион за превоз на контејнерите со отпад кој потоа би се носел во депонијата Дрисла во Скопје, се до изградбата на регионалната депонија.
Стружани деновиве повторно реагираа дека депонијата продолжува да чади, да тлее, а јавното комунално претпријатие во недостиг на простор отпад почна да одлага и на патот накај депонијата. Рекоа дека во моментов нема оператор за одржување на депонијата.
Од Министерство за животна средина ќе се побара во рок од 15 дена да се произнесе по однос на ова прашање. Засега одржување референдум е втора опција.