Нашата планета е затрупана со милијарди тони пластичен отпад и состојбата се влошува од година во година поради непостоење ефикасна рециклажа, алармира американскиот магазин Science Advances во својата последна студија.
Ова трупање на пластика се случува од 50те години на минатиот век. Од тогаш па се до 2015 година 8.3 милијарди тони пластика се произведени а од нив 6,3 милијарди тони се отпад кој не е биоразградлив. Од нив за 9 отсто пластика се рециклира, 12 отсто пластика се спалува а 79 отсто се акумулираат во депонии или во природата, особено во океаните каде се истураат 8 милиони тони пластика секоја година.
Ако ова вака продолжи, во 2050 година ќе има 12 милијарди тони пластичен отпад во депониите и во природата. Или, за да биде појасно, тоа е еднакво на 35.000 пати масата на њујоршкиот Empire State Building.
«Најголемиот број пластични материи не се биоразградливи и тоа значи дека тие можат да «преживеат» стотици па дури и илјадници години без да се распаднат, објаснува за агенцијата АФП Џена Џембек, професорка и ко-автор на оваа студија.
Светското производство на пластика мина од 2 милиони тони во 1950 година на 400 милиони тони во 2015 година.
Студијата не лобира за прекин на производство на пластика туку е охрабрување за да се бара начин за помудри користење на пластиката и нејзина поефикасна рециклажа.
Најзагаденото место со пластика на светот е островот Хендерсон во Пацификот. Островот не е населен а првото населено место се наоѓа на 5.000 километри па сепак, на плажите на овој остров се најдени 38 милиони пластични предмети, утврдија научниците на американската академија на науки.
“Констатиравме дека случајот на островот Хендерсон покажува дека нема ниту едно место на светот кое може да се спаси од загадувањето со пластика колку”, велат научниците загрижени за екосистемот во океаните и морињата.
Тие тврдат дека над 200 видови риби, школки и цицачи и 50 отсто морски птици се загрозени и би можеле да исчезнат поради присуството на пластика во нивните животни среднини.