Возачката и нејзиниот автомобил биле “проголтани” од дупка која одненадеж се отворила на сред улица во Охајо.
Памела Нокс, која го управувала возилото возејќи паднала во дупка. Таа се обидела да ја заобиколи дупката, но сепак завршила под земјата. Дупката се отворила на сред улица во американскиот град Толедо.
Градските власти претпоставуваат дека отворањето на земјата било предизвикано од дефект во главниот водовод, а настанала дупка длабока повеќе од три метри.
Полицијата и пожарникарите и’ помогнале на Нокс да излезе од дупката. Таа во несреќата не била повредена, но претрпела сериозен шок, поради што била пренесена во болница.
Нејзиниот автомобил бил извлечен од дупката со помош на дигалка, а поправката на раскрсницата ќе потрае неколку дена.