Американскиот претседател, Доналд Трамп изрази длабоко разочарување во однос на Кина која, како што рече, не презема ништо во врска со нуклеарната закана на Северна Кореја. Трамп преку социјалната мрежа Твитер, остро ја критикуваше Кина.
„Кина многу ме разочара. Нашите претходни глупави администрации со години ѝовозможувале на Кина да оствари трговија од повеќе стотици милијарди долари, а Кина за нас не направи ништо кога станува збор за Северна Кореја. Нема да дозволиме тоа така да продолжи. Кина, овој проблем може многу лесно да го реши“, порача Трамп на Твитер.
Оваа реакција на Трамп следеше откако Северна Кореја изведе ново тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, која прелета над илјада километри и падна во јапонското море Хакиадо.
Трамп со кинескиот претседател Си Ѓинпинг се состана на маргините на самитот на Г20 во Хамбург, а претходно го прими во палатата Мар-а-Лаго на Флорида.
И во двата наврати Трамп тврдеше дека има добри односи со својот кинески колега и дека главни теми на разговорите бил севернокорејскиот режим.




