Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„ДримON“: Родовата еднаквост како императив на општеството

0
By Нова ТВ on July 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 30, 2017 13:31

Што значи да се биде феминист/ка, дали патријархатот ни прави дисбаланс на моќ, кое е влијанието на културниот и општествениот систем на вредности во поглед на родовата дискриминација на сите нивоа, од дома, до пазарот на труд, и зошто момчињата мораат да си играат со колички и да носат сино, а девојчињата со барбики и да носат розово.

Ова беа оските на дебатата  насловена „Жени со мустаќи“,  посветена на женските каузи, феминизмот и родовата еднаквост одржан во рамки на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“.

Ана Василева и Албулена Карага  говореа за  значењето на феминизмот, борбата на жената, наспроти нејзиниот статус во општеството, за аспектите на идеологијата за рамноправен свет. Настанот е поддржан од програмата “За женски каузи” на “Цивика мобилитас”.

“На почетокот мислев дека треба да докажеме дека феминизмот нема никаква омраза, туку се бори за хоризонтална правда. Но, по извесно време сфатив дека оние што постојано препрашуваат и бараат одземаат енергија, па престанав да се правдам. Ми стана јасно дека системско мажомразие не постои никаде, туку постои системска маргинализација на жените. Многу луѓе сметаат дека застапеност треба да е еднакво со воспоставување на одредени каузи. Доколку постои родова еднаквост во професиите, тоа автоматско не значи дека ќе има подеднаква распределба на моќта во општеството. Со самата застапеност не се гарантира нов вредносен систем, рече Василева.

Карага ги отвори аспектите на жените во Армијата и посочи на изборот на професиите по терк, кој е родово поделен.

„Жените се обично во професии во кои што се очекува од нив тие да бидат нежни и грижливи, во нивоа каде нема многу моќ на одлучување. Се сведуваме во ситуација да имаме само 4 министерки, а се фалиме дека имаме една министерка за одбрана. Тоа што жените добија пристап до армијата за мене не значи напредок, од една страна важно ми е да добиваме простори кои не се освоени, но од друга страна важно ми е и да препознавеме структури коишто инхерентно се патријархални и кои генерираат опресивни односи“, изјави рече Карага.


Паралелно со панелот, во Фојаето на Домот за култура се одвиваше презентацијата за „Паратисима” Скопје.  Беше претставен интернационалниот саем на современа уметност кој е отворен за сите форми на уметност и креативност.

ХИП-ХОП ДАМИ И ГОСПОДА!

До раните утрински часови ечеа звуците на хип хоп.  Ѕвезди на вечерта беа српските “Bad Copy”, кои заедно со момците и девојките од треш колонијата ја распослаа десет метарската змија изработена од пластични шишиња и лименки. Завршница на вечерта имаше одличниот Гоце С.А.Ф. кој се погрижи најупорните посетители на „ДримON“ да се забавуваат со одлична музика.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.