Published: Monday, July 31, 2017 21:10
Директорот на комуникација на Доналд Трамп, Антони Скарамучи, денес ја напушти оваа функција, одвај десет дена по именувањето, јавуваат американските медиуми.
“Њујорк Тајмс” цитира три извори блиски до Белата куќа кои тврдат дека Скарамучи повеќе не директор на комуникацијата на Трамп. Според весникот, самиот Трамп го отпуштил Скарамучи а на барање на новиот генерален секретар на Белата куќа Џон Кели.
Веднаш по именувањето Сракамучи даде неколку навредливи и вулгарни изјави за сметка на високи американски функционери.
Скарамучи и во минатото имал непријатни изјави и на сметка на Трамп и поранешниот генерален секретар на Белата куќа Рејнс Прибус.




