Хелсиншкиот комитет ќе се обрати до Секторот за внатрешни работи при МВР во врска со вчерашниот случај во кој невладиниот активист Никола Наумовски беше сопрен и претресуван од полицијата во близина на Градскиот парк, информира Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Притоа, таа потенцира дека овој случај воопшто не го поврзуваат со фактот дека Наумовски е активист, туку сакаат да посочат и да ги информираат граѓаните преку овој случај кои дејствија не смеат да ги превземаат полицајците без наредба, односно налог.
-Јас би сакала да се дистанцирам од фактот дека Никола Наумовски е граѓански активист од Плоштад Слобода, во постапувањето на Хелсиншкиот комитет тој е граѓанинот Никола Наумовски и ова треба да е информација за сите граѓаните кои можат да дојдат во таква ситуација во каква што се најде тој.
Имено, во соопштението од МВР воопшто не се информираше дека бил преземен претрес врз Никола, туку дека тој бил легитимиран. Меѓутоа од неговата изјава произлегува дека врз него е извршено истражно дејствије претрес за кое тие немале налог.
Дејствијата што тие ги презеле не се само легитимирање, според изјавата, туки се истражно дејствије претрес. Тие не му покажале наредба од истражен судија за извршување на претрес. Ислучок од ова е само доколку полицијата фати лице во вршење на кривично дело. Информациите кои доаѓаат од МВР говорат дека тоа што го презеле, институцијата нема намера да го дефинира како претрес, вели Пировска.
Целосната изјава погледнете ја во видеото.