НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еднакви награди за мажите и жените на Охридскиот атлетски маратон

0
By Нова ТВ on August 1, 2017 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организаторите на Меѓународниот атлетски маратон им се извинија на жените, откако се соочија со жестоки критики од јавноста поради дискриминирачките награди за маратонот.

– Во име на Организациониот Одбор на „Меѓународниот атлетски маратон Охрид“ се извинуваме кон жените и би сакале јавно да кажеме дека ни на крај памет не ни било да вршиме дискриминација према жените. Веќе добиваме некои понуди за помош и во секој случај наградниот фонд ќе биде ист и за мажи и жени и се надеваме дека поттикнавме многу поголем интерес од женската популација кој недостасуваше на оваа трка – пишува во соопштението објавено на нивната Фејсбук страница.

Во повикот за учесници на маратонот беше наведено дека наградите за освоените места на жените ќе бидат помали од наградите за мажите, што наиде на бројни негативни реакции од јавноста, неколку невладини организации и Клубот на пратенички.

Маратонот во континуитет се одржува од 1976 година до 1993 година. Оваа манифестација прераснала од општински, сојузен до меѓународен атлетски мартон а бројот на учесници се зголемувал од 4 до рекордни 107 учесници во 2010 година.

До 1993 година Охридскиот маратон се одржувал во чест на ослободувањето на град Охрид 7-ми Ноември, а од 2004 година се одржува по повод денот на осамостојувањето на Република Македонија 8-ми Септември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.