Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Соживотот во Македонија втемелен во Крушевскиот манифест

0
By Нова ТВ on August 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 2, 2017 13:03

Со цел да оддавање почит кон хероите кои ги положија своите животи, а кои се автори на Крушевскиот манифест, собранискиот спикер, Талат Џафери од Мечкин Камен во Крушево, својот говор го започна со цитат од Манифестот, а кој упатува на соживот.

Како што рече Џафери, токму водачите на Илинденското востание, Никола Карев, Гоце Делчев, Даме Груев имале висока развиена свест за соживот меѓу граѓаните без разлика на нивната вера, етничка припадност, пол и социјален статус.

– Сите треба да бидеме горди што нашите предци зборувале и се бореле за слобода, за почитување на човековите права, за мултикуклтурано и мултиетничко општество. Да не заборавиме, историјата на своевиден начин ја детерминира сегашноста. Со мотивација и завет Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, заедно со пушка во рака се бореле и се избориле против фашизмот, за слобода. Духот на Крушевскиот манифест се материјализира и во нашиот втор Илинден, во АСНОМ, во документи во кои се дефинирани мултикултурниот и мултиетничкиот карактер на нашата држава како и човековите права. Константата во Крушевскиот манифест за мултукултурниот и мултиетничкиот карактер е втемелена и во Уставо, рече Џафери.

Претседателот на Собранието потенцираше дека најважно е што политичките кризи не го нарушиле духот за соживот и покрај различностите кај граѓаните во Македонија и иднината на оваа земја, Република Македонија, треба заедно да ја зачуваме за нас и за идните поколенија.

– Мнозинството граѓани споделуваме една заедничка определба, а тоа е целосна интеграција во ЕУ и НАТО. За жал на патот на остварување на нашите стратешки определби, стои спор кои го знаете сите како и меѓународната јавноста. Меѓутоа јас сум оптимист и сум длабоко уверен, дека доколку сите ние максимално зрело и посветено настапиме, ќе се искачиме погоре на скалилото на политичката зрелост. Актуелната Влада и мнозинството активно работат за затворање на овие прашања за да се осврниме на реформите, за да се вратиме на брзата пруга за враќање на патот кон ЕУ и НАТО, рече Џафери.

Тој го посочи новопотпишаниот договор за добрососедство со Бугарија потпишан од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов како пример за патот на Македонија кон подобрување на односите и придвижување кон ЕУ.

– Периодот кој следи налага многу работа и сериозни и тешки одлуки и решенија, кои во разумен рок ќе ја покажат придобивката. Собранието и администрацијата имаат капацитет да го остварат владиниот план 3-6-9. Сакам да верувам дека последната политичка криза не научи дека не смееме да ги повториме сопствените грешки. Верувам дека сите ние полека, но сигурно ги надминуваме некои антагонизми за кои нема простор денес во Македонија, забележа собранискиот спикер.

Илинден Крушевски манифест соживот Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.