Published: Wednesday, August 2, 2017 21:54
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша одлука со која се воведуваат нови санкции против Русија, но со која исто така се намалува неговата моќ да ги ублажи, пренесува CNN.
Како што се наведува, претседателот со оваа одлука пренесува дел од својата моќ на Конгресот и му дава право на вето во случај да одлучи да ги укине санкциите кон Русија.
САД го повлече очекуваниот потег, откако претседателот на Русија, Владимир Путин нареди повеќе од 700 американски дипломати да ја напуштат Русија.




