Судот пресуди вкупно 12 години затвор за 14 обвинети во процесот за немирите на Битпазар од зимава. Петмина од нив добија затвориски казни од по 8 месеци, еден 5 месеци, четворица по шест месеци условно,еден десет месеци условни, еден три месеци затвор, а највисока казна од една година доби обвинетиот кој е во бегство.
За тројца од обвинетите судот го повлече обвиниението поради недостиг на докази. Кривичното дело за кое се гонеа е учество во толпа што ќе стори кривично дело. Штетата беше проценета на 9 милиони денари,а тука се вклучени запалениот автобус, нападот врз Хелсиншкиот комитет и друга штета врз јавното добро направена за време на немирите.
Немирите на Битпазар се случија на 2 Фебруари година кога група Албанци најпрво започнаа мирен протест пред Владата, кој потоа ескалираше во речиси целодневни немири и судири со полицијата.
Протестите на младите Албанци уследија по протестите на младите Македонци од претходниот ден кои протестираа против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, а за време на протестите истепаа дете и нападнаа полицијаци.
На вторите протести камерата на НОВА регистираше многу солзавец, повредени полицијаци, искршени билборди, автобуски станици и куп фрлени камења по што Битпазар личеше на вистинско бојно поле.