НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Danny Howells вечерва на плажата „Оревче“, парите одат за животните

0
By Нова ТВ on August 4, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од ветераните на електронската музика, светски популарниот диџеј и продуцент Danny Howells вечерва (4 август) ќе настапи на плажата „Оревче“ во Градиште. Британецот, кој три децении настапува во најпознатите светски клубови и поставува стандарди во прогресив хаусот, доаѓа во Македонија по пауза од десет години. Иако го асоцираат со прогресив хоус стилот, тој преферира да се идентификува со тех хаусот.

Howells е долгогодишен активист за заштита на животните, а сите средства собрани од неговиот настап на „Оревче“ ќе одат за поддршка на Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ).

Низ кариерата што започнала во доцните 80-ти во андерграунд клубовите на родниот Хејстингс, Howells стана еден од најистакнатите светски хаус-глобтротери. Со повеќе од 100 настапи годишно, од Рејкјавик до Мелбурн и од Мајами до Куала Лумпур, тој неуморно ја шири својата препознатлива музичка енергија.

Danny Howells најавува незаборавен четиричасовен настап во специфичниот клупски простор на четвртата плажа на Градиште, а организаторите велат дека ова ќе биде хаус-настан на годината на охридското крајбрежје.

Музичката програма на „Оревче“ на 4 август ќе почне уште напладне, со диџеите од тетовскиот колектив Олук, Vercho и B!Zarre, a во вечерната програма ќе настапат Lobor D од Србија, Cinci и Jansky (Олук).

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.