Апелациониот суд Скопје денеска донесе одлука да ја уважи жалбата на Специјалното јавното обвинителство и оцени дека аудио разговорите кои ги објавуваше опозицијата ќе можат да бидат доказен материјал за предметот поврзан со насилството во општина Центар.
Апелација дозволува „бомбите“ да бидат докази во кривичната постапка, откако Основниот суд Скопје 1 ги отфрли во декември 2016 година.
Станува збор за случајот против Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и уште 11 лица за насилството во општина Центар откако на изборите во 2013 победи Андреј Жерновски.
Во „бомбите“ што ги објавуваше премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицијата, објавен беше разговор во кој тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.