Бран жештина кој зафати делови од Европа предизвикувајќи со денови високи температури однесе најмалку два животи, во Романија и во Полска, и ги натера властите на повеќе земји да издадат предупредувања, објави агенцијата АП, која истакнува дека бработ уште е познат во јавноста како „Луцифер“.
Во делови од Италија, Франција и Шпанија и на Балканот жештината предизвика десетина шумски пожари, ги оштети посевите и ја зголеми потрошувачката на струја и на вода.
Властите во неколку подрачја издадоа ограничувања во сообраќајот и забранија да се работи на отворено поради температурите кои достигнаа околу 40 степени.
Во Шпанија метеоролошката служба предупреди дека во 31 од 50 провинции температурата ќе достигне до 44 степени.
Во Словенија, според надлежните, на почетокот на оваа недела забележана е првата „тропска ноќ“ на висиона од 1.500 метри кога темепартурата надминала 20 степени во текот н а ноќта.
Хрватските власти апелираа на илјадниците туристи да бидат внимателни додека патуваат и на плажите.




