НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Македонија не се знае дали ќе има крак од „Јужен тек“

0
By Нова ТВ on July 5, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За изградба на гасоводот ќе се појави заедничко претпријатие, пишува во договорот
кој Владата на Македонија и Русија го потпишаа, a кој го пренесува порталот Јавност.

Договорот за соработка за создавање на крак од гасоводот „Јужен тек“ веќе е објавен на интернет-страницата на руската влада, пренесува ruskarec.mk.

Ако анализата покаже дека е исплатлива изградбата на крак за Македонија, Македонија и Русија ќе создадат заедничко претпријатие со сопственост 50%-50%.

Другите конкретни услови и рокови на испораката на гасот ќе бидат утврдени со идните договори меѓу „Гаспром“ и „Македонски енергетски ресурси“.

Правата за користење на гасоводот ќе останат кај рускиот монопол. Македонија ќе биде обврзана да воведе царински и даночни олеснувања и да не воведува никакви ограничувања во однос на руските инвестиции на територијата на републиката.

Преговорите на Москва и Скопје за „Јужен тек“ започнаа пред неколку години. Од самиот почеток македонската страна покажува вонреден интерес за овој проект. Рускиот гас Македонија го добива од 1997 година. Според некои прогнози, побарувачката на гас во републиката после 2030 година ќе се зголеми до 2,5 милијарди кубни метри годишно.

Засега побарувачката за гас во Македонија е повеќе од скромна – во 2011 година „Гаспром“ испорачал во Македонија 0,13 милијарди кубни метри гас. Најверојатно како кочница за зголемувањето на потрошувачката е цената. Претходно беше соопштено дека цените за гас во Македонија се највисоки во Европа. Босна, Чешка и Бугарија исто така се најдоа меѓу државите кои му плаќаат на „Гаспром“ повеќе од 500 долари за илјада кубни метри гас. Тоа се случува поради недостатокот од алтернативи за снабдување со гас во тие земји, како и поради малите количини гас кои се продаваат од „Гаспром“ во тие земји. Најевтин гас „Гаспром“ продава во Велика Британија (360 долари за 1000 кубни метри гас).

Експертите сметаат дека после активирањето на „Јужен тек“, државите на југот на Европа ќе плаќаат помалку за гас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.