Published: Monday, August 7, 2017 15:38
Земјотреси со умерена јачина од 4,8 и 4,2 степени според Рихтер го погодија денеска туристичкото место Бодрум во Турција, соопшто истанбулската Сеизмолошка опсерваторија.
Епицентарот на земјотресот бил во селото Панарлабелен и предизвикал паника кај жителите, јавуваат турските медиуми.
Засега нема информации за евентуални жртви ниту за материјална штета.




