Бриселската полиција пукала кон кола, која претходно бегала од полицијата низ едно бриселско предградие. Возачот на колата им кажал на полицајците дека има експлозив внатре.
Портпаролката на бриселскиот обвинител, Ине ван Уилмерч, изјавила за „The Associated Press“ дека полицијата пукала во кола која пред тоа учествувала во два судари за време на потерата.
-Кога го извадија човекот надвор, тој вернаш рече дека има експлозив внатре – рекла Уилмерч.
Човекот бил сам и никој не бил повреден.
Биле повикани армиски експерти за отстранување на експлозиви, а полицијата ја запечатила околината и закучила неколку луѓе во блиските продавници, како мерка на претпазливост.
Портпаролката на полицијата во Брисел, Дороти Кетрис рече дека 400 до 500 луѓе биле затворени во продавниците.
Брисел е во состојба на алармантност, откако во самоубиствените напади во 2016 година, загинаа 32 луѓе.
Смртоносни експлозии одекнаа на Бриселскиот аеродром и во подземната железница, во март минатата година, распрснувајќи крв по авионската писта и уривајќи го таванот.
Во претежно муслиманското предградие на Брисел, има многу сомнежи за поврзаност на тие напади со масакрот од ноември во 2015 година во Париз.




