Северна Кореја денеска соопшти дека „внимателно ги испитува“ плановите да изведе ракетен напад врз Гуам, американски остров на Пацификот.
-Напад со ракета од среден дострел би можело да биде изведен врз Гуам во секој момент откако за тоа ќе донесе одлука лидерот Ким Јонг Ун, соопшти претставник на севернокорејската Народна армија.
Северна Кореја ги обвини САД дека подготвувале предупредувачка војна која би можело да прерасне во тотална војна.
Ова уследи само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Пјонгјанг дека секоја закана ќе биде пресретната со „оган и бес“, какви што светот досега не видел.
-За Северна Кореја најдобро е да не им се заканува веќе на САД или во спротивно ќе се соочи со оган и без какви што светот досега не видел, изјави Трамп во својот голф клуб во Бедминистер во Њу Џерси.
На Твитер тој напиша дека „после многу години на неуспех, државите се здружуваат за конечно да ја решат опасноста која ја претставува Северна Кореја.
-Мора да бидеме остри и одлучни, напиша тој.




