Published: Thursday, August 10, 2017 12:07
Турските власти издале налог за апсење на 35 новинари и медиумски работници поради сомневање дека се поврзани со противникот на Реџеп Таип Ердоган, Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.
Властите ги сомничи дека наводно користеле апликации за праќање кодирани пораки меѓу приврзаниците на Ѓулен. Полицијата во моментов спроведува акции за апсење во Истанбул.
Анкара го обвинува Ѓулен дека стои зад неуспешниот воен пуч во Турција, извршен во јули минатата година.
Повеќе од 50.000 луѓе се уапсени поради наводна вмешаност во пучот, а 110.000 лица се отпуштени од државните служби.




