Уште едно место за разладување за време на пеколните горештини во Скопје. Надвор од градската средина, во Сопиште, Скопје вчера, доби ново место за уживање.
Со свеченост, коктел и огномет, во присуство на познати личности и амбасадори вчера беше отворен новиот комплекс АЛКА.
АЛКА се наоѓа на 12км од центарот на Скопје, под падините на Водно, во мирното и чисто Сопиште.
Се простира на 2.700 метри квадратни и нуди многу содржини базен со морска вода, детски базен со игротека, вип бар, ресторан, коктел бар и бар на базен.
АЛКА е инвестиција на Бобан Ангеловски, угостител и бизнисмен, повратник од Холандија, кој зад себе ги има успешните приказни на ресторанот Гурмет и ланецот ресторани за пица Доминос.
„Идејата беше да направиме концепт во кој ќе се пронајдат многу луѓе кои сакаат место каде можат да уживаат во убав амбиент со своето семејство, со и без деца, со своите деловни партнери и пријатели и притоа, да се чувствуваат навистина комотно во секоја прилика. Воедно, сакавме да понудиме и квалитетна опција на викенд место надвор од градот“, вели Ангеловски.
Комплексот ќе нуди уживање за целото семејство. Затоа што, содржи два засебни дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.
Веќе од денес АЛКА е отворена за сите посетители.