Published: Thursday, August 10, 2017 18:35
Севернокорејскиот план за напад со четири воени ракети во близина на територијата на островот Гуам би бил спремен за неколку денови – пренесува CNN.
Ракетите би биле истрелани кон исток и преку Јапонија би завршиле на 30 до 40 километри од брегот на малиот остров.
Гуам е на повеќе од 3.000 километри од Северна Кореја. Малиот остров претставува територија која е администирана од САД.
Планот е последната провокација во низа со Вашингтон, откако во вторникот американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Северна Кореја со нуклеарна војна.
– Северна Кореја подобро веќе да не се заканува на САД, затоа што ќе се соочат со оган, бес и моќ какви што светот нема видено порано – рече Трамп.




