Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај контаминирани јајца:Двајца уапсени и тони повлечени од пазарите

1
By Нова ТВ on August 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 11, 2017 09:47

Дваесет тони јајца со инсектициди се продадени во Данска, соопшти институцијата за должена за контрола на безбедноста на храната во земјата.

Во соопштението на Управата за ветеринарство и храна на Данска се вели дека овие јајца варени и излупени јајца главно се продаваат по кафетерии, кафулиња и угостителски објекти.

Данска е последната во редот европски земји кои открија јајца контаминирани со фипронил.

Овој инсектицид може да доведе до оштетување на бубрезите, црниот дроб и тироидната жлезда доколку се консумира во големи количини.

Сепак, данската агенција за храна повика на смиреност во јавноста, образложувајќи дека јајцата купени од Danæg Products не претставуваат ризик за користење

-Примероците анализирани во Холандија покажуваат траги од фипронил во јајцата, но не во количина опасна по здравјето, објави агенцијата. „Но бидејќи содржината е нелегална, Danæg Products мора да ги повлече јајцата од пазарот и од клиентите“, се вели во соопштението.

Данска е десеттата земја што е вклучена во скандалот со контаминираните јајца. Последни кои пријавија присуство на вакви јајца на нивните пазари се Романија и Луксембург.

Романската влада денеска објави дека еден тон течна жолчка од јајце контаминирана со фипронил е пронајдена во еден магацин во западниот дел на земјата.

Производот е увезен од Германија, но не бил пуштен во продажба, велат официјалните претставници за безбедност на храна.

Двајца раководители на компании се уапсени во заеднички рации на властите во Белгија и Холандија, по откривањето на скандалот со инсектицидни јајца.

Компанијата што ги произведува наводно користела фипронил на фармите за живина, соопшти обвинителството.

Инсектицидот е забранет да се користи во прехранбената индустрија според правилата на ЕУ.

Што е досега познато за скандалот?

Милиони јајца досега се повлечени од супермаркетите во неколку европски земји – вклучувајќи ја и Велика Британија – откако е откриено дека некои се контаминирани со потенцијално штетниот инсектицид фипронил.

Фипронил најчесто се користи против болви, вошки и крлежи, но е забранет од Европската унија за употреба на животни наменети за консумирање, како што се кокошките.

Инсектицидот во синџирот на исхрана влегува преку Холандија, која е еден од најголемите производители на јајца во Европа. Се уште нема докази дека никому му наштетил.

Што е фипронил и дали е штетен за луѓето?

Фипронил е популарен пестицид, често употребуван за домашни миленици, како кучиња и мачки. Исто така е ефикасен во отстранување на вошки, кои најчесто се среќаваат кај живината.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека фипронил е “умерено токсичен” за луѓето ако се јаде во големи количини и може да има опасни ефекти врз бубрезите, црниот дроб и тироидната жлезда.

Тој може да предизвика “гадење, повраќање, абдоменална болка, вртоглавица и епилептични напади”, вели холандската Агенција за стандарди за храна НОВА.

Треба ли да престанеме да јадеме јајца?

Холандската агенција за стандарди за храна НОВА објави листа на одредени сериски кодови на јајца кои не треба да се консумираат. Таа соопшти дека една серија особено – со кодот 2-NL-4015502 – може да претставува “акутна опасност за јавното здравје”.

Таа, исто така, повлекла јајца од околу 59 производители во чии производи нивото на фипронил би можел да претставува ризик за децата ако се јаде премногу често и на долг рок.

Холандските јајца исто така беа отстранети како мерка на претпазливост од супермаркетите во Белгија, Германија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија, Франција и Луксембург.

Германската агенција за стандарди за храна вели дека вишокот на фипронил на краток рок “не

 

Се смета дека фипронил е додаден за дозволен третман за црвени вошки.

Сега е во тек кривична истрага во Белгија и Холандија, што е фокусирана на две фирми – Poultry Vision, фирма за контрола на штетници од Белгија, за која се тврди дека го продал третманот на холандската компанија за чистење на птици, Chickfriend.

Оние фирми се уште јавно не ги коментираа обвинувањата, иако новинската агенција АФП објави дека адвокатот на Poultry Vision потврдил дека фирмата и го продала третманот на компанијата, но не кажал од каде доаѓа.

Голем број полициски рации се спроведени во двете земји во врска со скандалот, а холандската полиција уапси две лица.

Која е политичката реакција?

Скандалот се појави во јавноста на почетокот на август кога Холандија нареди повлекување на контаминираните јајца од полиците на супермаркетите.

Белгија наиде на критики откако беше откриено дека занеле за контаминацијата со фипронил уште на почетокот на јуни, но не ја известиле Европската комисија до крајот на јули.

Сепак, белгискиот министер за земјоделство Денис Дукарм го возврати ударот, обвинувајќи ја Холандија дека знае за проблемот уште од ноември 2016 година.

Холандската агенција НОВА го отфрли ова тврдење.

Но, многумина предупредија дека фипронилот можеби бил во синџирот на исхрана подолго време отколку што претходно се мислеше.

Германскиот министер за земјоделство, Кристијан Шмит, ги нарече околностите “кривични”, додека францускиот министер за земјоделство, Стефан Траверт, рече дека сака “многу повеќе плодна и брза размена на информации” со неговите партнери од ЕУ по ова прашање.

ЕК најави одржување вонреден состанок по повод скандалот, во намера да престанат обвинувањата меѓу Холандија, Белгија и германија за тоа кој е одговорен за паниката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.