Во Боингот 777 на Ejзијана Ерлајнс кој сe урна на меѓународниот аеродром во Сан Франциско според првичните информаци загина најмалку едно лице, а се повредени околу 30, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на дипломатски извори.
Во авионот имало 291 патници и 16 членови на екипажот, објави Ejзијана Ерлајнс.
Причината за несреќата не е позната.
Рани индикации укажуваат дека авионот се спуштил премногу доле и удрил на аеродромот.
Како што јави претходно Си-Ен-Ен, Антони Касториани, коj сведочи за летот од блискиот хотел, изјави дека видел авионот како ја допрел земјата и тогаш забележал поголем столб од бел чад.
Летот 214 го напушти Инчеон Меѓународниот аеродром во Сеул порано и леташе 10 часа и 23 мин. во Калифорнија, според инфорациите веб-сајт кој нуди следење на услугите за приватен и комерцијален воздушен сообраќај.
Видеото снимено веднаш по несреќата и испратено на YouTube покажа темно сив чад како се издига од авионот. Тој чад подоцна станал бел, дури и кога пожарникарите продолжија да гасат авионот.