Рејтингот на американскиот претседател Донал Трамп порасна за 6 проценти откако ја навести можноста за воена акција против Северна Кореја, покажува најновото истражување на јавното мислење.
Процентот на Американците кои го поддржуваат Трамп е зголемен од 39 проценти пред една ндела, на 45 проценти, покажува анкетата на агенцијата Расмусен Рипортс, наклонета кон конзервативците.
Фокс њуз објави дека според последното истражување на Галуп рејтингот на Трамп е на 37 проценти, но овие податоци треба да бидат објавени утре.
Поранешниот американски претседател Барак Обама во речиси истиот период на својот мандат имаше поддршка од 54 проценти.
Анкетата на Расмусен покажува дека поддршката за Трамп се зголемила откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун му се закани дека ќе истрела ракети во водите недалеку од Гуам, американската територија во Тихиот океан.




