„Пропаганда е многу штетен и често погрешно разбран збор“, рече Јозеф Гебелс во 1933 година. „Лаиците го користат да означат нешто инфериорно или нешто што заслужува презир. Зборот пропаганда секогаш има горчлив вкус“.
>>На твојата земја и требаш
Познатата слика од Лорд Кичнер која беше наменета за регрутирање војници на почетокот од Првата светска војна, е пример за ефикасна пропаганда со мала уметничка заслуга.
>>Аве Цезар
Овој постер кој носи порака „those who are about to die salute you“ е креиран од страна на канцеларијата за надворешни на Велика Британија, и дистрибуирана до Италија во 1942.
>>Одиграј уште еднаш, Сем
Преку 4 милиони копии од овој постер беа испечатени помеѓу 1917 и 1918. Сликата со Чичко Сем денес е културолошка икона на Америка.
>>Череп и коски
Пораката на Френклин Рузвелт до помладите луѓе, прикажувајќи маска од Хитлер и череп, е произведена од канцеларијата за воени информации на САД во 1942.
>>Културолошка револуција
Сликата на која се гледа победникот Мао Цетунг, од штрајкот на рударите, се вели дека е можеби најразмножуваната слика на сите времиња.
>>Античка пропаганда
Скулптурите на Партенон задржани во Британскиот музеј, понекогаш се нарекуваат како “Мермерите на Елгин”, со што се воздигнува способноста на Атињаните против своите непријатели
>>Кралот Тут
Тутанкамоновата маска од чисто злато е блескав приказ за „визуелната реторика“, славејќи го детето кое стана фараон на своја девет-годишна возраст.