Published: Monday, August 14, 2017 22:52
Прерседателот на САД, Доналд Трамп се огласи против расистичкото насилство, откако во саботата беше убиен човек кој протесираше во Шарлотсвил, Вирџинија.
– Расизмот е зло и тие кои предизвикуваат насилство во негово име се криминалци и насилници – им рече Трамп на репортерите.
Тој рече дека Кју Клукс Кланот и нео нацистите се во спротивност со сè она што на Американците им е драго.
Трамп во саботата се соочи со бројни критики поради изјавата дека „многу страни“ се виновни за насилството, како и поради наводното одбивање да ги критикува екстремно десничарските групи кои пропагираат омраза.




