НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп ја враќа во мода расната омраза

0
By Нова ТВ on August 16, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трамп ја враќа во мода расната омраза! Ова беше реакцијата на американската кошаркарска ѕвезда ЛеБрон Џејмс по вчерашната прес конференција на американскиот претседател на која тој ја изедначи одговорноста за насилството во Шарлотсвил каде загина една девојка.

“Отсекогаш имало расна омраза во САД. Тоа го знаеме. Но Доналд Трамп ја врати во мода!”, твитна кошакарот.

Во една изјава во вторник вечер тој рече:

“Не треба да очекуваме ништо од човекот кој би требало да биде претседател на САД или било кој друг. Ние самите треба да реагираме. Ние треба да се погледнеме во огледалото. Од детството до возрасните години. Да се гледаме сите во огледалото и да се прашаме – што можеме да направиме да за донесеме промена?”.

На хаотичната прес конференција Трамп стави знак на равенство помеѓу членовите на расистичката десница и контрапротестантите во Шарлотсвил.

А неговите изјави беа веднаш поддржани од Дејвид Дјук од Кју Клукс Кан (ККК)* кој беше присутен во Шарлотсвил:

“Ви благодарам претседателе Трамп за вашата искреност и храброст”, напиша тој на Твитер. Според него Трамп ја кажал “вистината” и ги осудил “левите терористи”.

Реакциите на пресот на Трамп се множат од вчера. Ни Републиканците ни Демократите не ги премолчеа скандалозните зборови на Трамп.

Пол Рајан, претседател во Сенатот од Републиканската партија, на Твитер напиша:

“Треба да бидеме јасни. Белиот национализам е одвратен” и додаде дека нивното однесување е спротивно на сите вредности на САД и не смее да има никаква морална дволичност во тој поглед.

Републиканската сенаторка од Флорида Илеана Рос-Лехтинен изјави:

“Да се обвинат двете страни по Шарлотсвил?! Не! Враќањето на релативизмот кога се зборува за ККК (Кју Клукс Кан), симпатизерите на на нацисти и бели националисти? Одречно не”.

Од демократска страна реагираше Тим Кејн, сенатор:

“Насилството во Шарлотсвил беше потхрането само од една страна: белите националисти кои шират расизам, нетолеранција и заплашување”.

Тери МакОлиф, демократски сенатор од Вирџинија:

“Лидери од сите страни, дојдени од целата земја, ги осудија овие лица и нивните акти на јасен начин и без колебање. Американскиот народ очекува и нивниот претседател да го направи истото. И тоа е потребно сега”.

Брајан Шатц, демократски сенатор од Хаваи напиша:

“Како Евреин и Американец и како човечко суштество, не успеав на најдам зборови за да ја изразан мојата одвратност и разочарност. Вие не сте мојот претседател”.

Берни Сандерс, кој му беше противник на Трамп во изборната трка напиша на Твитер:

“Вие сте срам за нашата земја и милионите Американци кои се бореа и го оставија животот за да го победат нацизмот”.

Познатата пеачка Барбара Стрејсенд исто така седна на Твитер да каже што мисли за ставот на Трамп:

“Без подготвена изјава овој претседател го кажува она што го мисли: да се стави знак на равенство помеѓу неонацистите и оние кои ги штитат човековите права е срамно и неразумно”, напиша славната Барбара.

За актерката Миа Фароу овој викенд беше најсрамниот:

“Овој викенд кој беше најсрамниот за претседателот, сега беше продолжен до бесконечност”, твитна актерката која е исто така активист за човекови права.

Барак Обама во саботата на Твитер објави коментар на насилството во Шарлотсвил, кој набрзо стана најпопуларен твит во историјата.

 „Никој не се раѓа со омраза кон другите поради бојата на нивната кожа, потеклото или религијата… Луѓето мора да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, можат да научат и љубов… Бидејќи љубовта е поприродна за човечкото срце од нејзината спротивноста“, напиша поранешниот американски претседател цитирајќи го Нелсон Мандела.

* (ККК е тајна организација основана по завршетокот на граѓанската војна во САД, која има за цел предизвикување на расна и верска нетрпеливост. Се смета за прва фашистичка организација во светот. За време на изборната кампања во САД медиумите пишуваа и за врските на таткото на Трамп со оваа расистичка организација.)

Доналд Трамп ККК прес конференција расизам Шарлотсвил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.