Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Викендов стартува „МакеДокс“ со богата програма

19
By Нова ТВ on August 16, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 16, 2017 14:43

Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во, и на платото пред, Куршумли-ан во Скопје.

Годинава „МакеДокс“ носи 68 филмови во петте сегменти Главна програма, Нови автори, Кратки филмови, Студентска и Детска програма и 65 фестивалски гости.

Селекцијата е направена од 2.791 филмови од 120 држави од сите континенти. Тематски фестивалот ќе биде фокусиран на визуелната нарација со мото „Расприкажани слики“, следејќи ја познатата изрека „Една слика вреди илјада зборови“.

„Концептот на ’МакеДокс‘ годинава е посветен на визуелната нарација, не само зашто таа е директно врзана за филмот, туку и затоа што очите се битен орган да видиме што се случува околу нас, но и да ги видиме сликите што се внатре во нас“, вели Петрула Вељановска од организацијата.

Фестивалот ќе биде отворен на 19.август со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“ снимен по сценарио на Атанас Георгиев и во режија на Илија Цветковски, а се прикажува во програмата Нови автори.

Во истата програма ќе биде прикажан уште еден македонски филм. Станува збор за „Планински кавијар“ на авторот Јордан Дуков во продукција на ТВ Телма.

Осумте документарци во Главната програма на „МакеДокс“, со проекции во Куршумли-ан, ќе се натпреваруваат за наградата „Кромид“ за која ќе одлучува жири во состав: Антон Калеја, Владимир Блажевски и Туе Стен Милер.

За наградата „Млад кромид“ за најдобар филм на млад автор ќе одлучува жири во состав Кристина Первила-Андерсон, Селин Мурат и Талал Дерки.

За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм ќе одлучуваат Ана Јакимска, Ненад Поповиќ и Филип Велковски.

Годинава, првпат на „МакеДокс“ ќе биде доделена и награда за краток документарен филм, насловена „Сечкан кромид“, а за наградата ќе одлучуваат Ања Медвед, Катарзина Гондек и Роберто Блат.

Сите филмови што ќе бидат прикажани на „МакеДокс“ влегуваат во конкуренција за Наградата за етички идеи, за која ќе одлучува жири во состав: Анета Дучевска, Брина Вогелник и Вито Флакер.

Наградите што ќе бидат доделени на последната вечер на фестивалот се дело на академскиот скулптор Примож Селишкар.

Земја во фокус годинава е Грузија. Грузискиот филм, по мачните стагнирачки години од промената на политичкиот систем, повторно се враќа на светската филмска сцена. На 8. „МакеДокс“ ќе може да се проследи избор на седум најнови грузиски документарци.

Покрај филмската програма, на фестивалот ќе се одржат работилницата за визуелна нарација и камера „Една слика, илјада зборови“ на која предавањата од 21 до 25 август во Даутпашин амам ќе ги држат гостите Кристина Первила-Андерсон и Туе Стен Милер, како и работилницата за фотографија „Камера опскура“, која ќе ја води фотографот Сашо Н. Алушевски. Во текот на фестивалските денови ќе се одржи и втората сесија на работилницата за креативен документарен филм „Докуникулци“.

Ноќите под отворено небо на „МакеДокс“ ќе бидат исполнети со звукот на музиката на три врвни групи. На отворањето ќе настапат страстните и секогаш оригинални „Фолтин“. Словенечкиот ансамбл со специфичен израз „Брина“ на светската музичка мапа се проби со реаранжирање и осовременување на словенечките народни песни. Македонската група „Баклава“ ќе го пренесе раскошот на традиционалната музика со нивниот минималистички музички концепт.

Незаменлив сегмент во програмата на „МакеДокс“ се Док-муабетите под смоквата, на кои авторите, но и публиката, имаат можност одблиску да се запознаат меѓусебно. Ќе има и промоција на книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ на Маријана Котевска Георгиева, но и фото-изложба со наслов „Расприкажани слики од грузиски ракурс“. Агенцијата за филм на РМ и Министерството за култура во рамките на спроведувањето на програмата „Креативна Европа“ (Култура и МЕДИА) ќе организираат промотивен настан, кој ќе се одржи на 23 август, со почеток во 11 часот, во медија-центарот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, МЕДИА – потпрограма на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон и Град Скопје.

Медиумски покровители на „МакеДокс“ се Првиот програмски сервис на МТВ, Телевизија 24, Нова Македонија, Слободен печат, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Канал 103, ЏезФМ, Радио МОФ, Лајф Радио, Плус Инфо, Окно, Нова ТВ веб, А1ОН, Плагиј.ат, Е-магазин, Репер, Лице в лице, Его, Калимеро, Бла Бла ТВ, Пиреј.мк, РеБорн, Види Вака, ОФФ.нет и МКД.мк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.