Published: Wednesday, August 16, 2017 22:45
Анализите од сателитските снимки на непрофитна организација лоцирана во САД, покажуваат дека најмалку 34.000 галони нафта се излеани на брегот на Кувајт – пренесува „Daily news“.
Снимките од сателитот покажуваат дека од денот на излевање на нафтата во јужниот дел на Кувајт, таа се проширила на површина покривајќи 131 квадратен километар.
Властите се уште го немаат идентификувано изворот на истекувањето, но првично се сомневаат во брод кој пренесувал нафта.
Истекувањето беше откриено во петокот.




