Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аџилакот го омекна ставот на Саудиска Арабија кон Катар

0
By Нова ТВ on August 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 17, 2017 09:10

Саудискиот крал Салман нареди да се отвори границата со Катар за граѓаните на малата заливска монархија да можат да отидат на аџилак во Мека на крајот од месецот, соопшти Саудиската агенција (СПА).

Тој исто така наредил во Доха да се испратат саудиски авиони, што „на негова сметка ќе ги превезат сите катарски верници до градот Џеда“.

Оваа одлука, прв знак на омекнување на дипломатската тензија меѓу Кралството и Емиратот, беше објавена откако саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман се сретна со катарскиот емисар шеикот Абдал бин Али ал Тани во Џеда.

Ова беше прва средба на вака високо ниво од прекинот на дипломатските односи, на 5 јуни, меѓу Саудиска Арабија и Катар и затворањето на границите по воздух, вода и копно.

Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет, исто така, ги прекинаа сите врски со Катар, обвинувајќи го за поддршка на екстремистички групи и за водење политика на зближување со големиот регионален противник на Саудиска Арабија, шиитски Иран.

Катарските власти во јули го обвинија официјален Ријад дека му се заканува на аџилакот во Мека, откако одби да ја гарантира безбедноста на нивните државјани. Саудиските власти тогаш изјавија дека на Катарците нема да им одобрат пристигнување со директни летови на авиокомпанијата „Катар ервејз“, чии авиони немаат право да летаат над саудискиот воздушен простор.

На средбата во Џеда Абдал бин Али ал Тани „ги подвлече братските односи меѓу кралството Саудиска Арабија и Катар“, пренесе СПА.

На предлог на принцот Мохамед, кралот Салман се согласил за катарските верници да се отвори граничниот премин „Салва“.

Аналитичарите, како Али Шихаби, од „Арабија фаундејшн“, од Вашингтон, предупредуваат дека по вчерашните вести, сепак, не треба да се има прекумерен оптимизам. Тој смета дека тоа едноставно е „гест на добра волја“ од страна на Саудиска Арабија кон катарскиот народ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.