Србија ќе го ограничи увозот на патлиџани од Македонија
Во Србија се очекува да се официјализира одлуката на српската влада за ограничување на увозот на патлиџани и вино од Македонија, јави БЕ 92.
Потпретседателот на владата на Србија Расим Љаиќ и минстерот за замјоделие Горан Кнежевиќ се согласиле за превземање на мерки по повод одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од Србија.
“На Македонците треба да им покажеме заби” изјавил секретарот на Здружението на земјоделските комори на Војводина, Џорџе Бугарин коментирајќи ја одлуката на македонската влада.