Published: Thursday, August 17, 2017 20:09
Ексклузивна снимка од нападот во Барселона, која за Нова Тв ја испрати наш сограѓанин кој се наоѓа таму.
Лас Рамблас е централен булевар во должина од 1.2 километри кој поминува низ центарот на Барселона. Булеварот е популарен меѓу туристите поради неговите пазари со тезги, барови и ресторани. Рамблас е меѓу топ 10 улици во светот по бројот на туристи.
Попладнево во Барселона се случи терористички напад со комбе кое влета во толпа на туристичката улица. Во нападот потврдено е дека загинале 13 лица, а 50 се повредени.




